Многу го сакаат Вардар, а тој сиромашкиот од толку многу љубов не може да дише. Така и Никола Серафимов, сега веќе екс-талентот на нашиот најголем и најтрофеен клуб. Млад стопер кој доби шанса, и кога требаше да му врати на Вардар тој си замина, демек со многу љубов кон клубот и замислете со една „срцепарателна“ објава на социјалните мрежи.

А еве што напиша Никола Серафимов…

Jа имав  честа 13 години да тренирам, да учам, да се развивам носејки го дресот на најголемиот и најтрофеен македонски фудбалски клуб. Сакам да се заблагодарам на ФК Вардар за соработката, шансите, знаењето и искуството што ми овозможи да ги стекнам. Одговорноста  да се носи црвено црниот дрес е голема, и за мене се од непроценливо значење сите одиграни натпревари во кои што секогаш го давав максимумот за да ги одбранам боите на мојот клуб. Големо благодарам до сите тренери, соиграчи, навивачи и пријатели за несебичната поддршка и соработка. Им посакувам среќа и успеси на моите соиграчи во натпреварите и предизвиците што им претстојат. Од Вардар заминувам со посебен респект, зошто овој клуб е мојата прва и најголема фудбалска љубов. #edenzivotednaljubov“.

Никола, така не се сака Вардар. Ти на Вардар му го сврте грбот кога му беше најпотребен, значи ти никогаш не си го ни сакал Вардар, НИКОГАШ. Овие зборови се само начин како да се „испереш“, нo ништо не може да те испере. Ова што ти го направи, го прави само човек што нема никаква љубов кон клубот. Ти замина и пишуваш празни зборови. Замина без тренинг компензација, замина со раскин на штета на клуб. Замина со тужба во ФФМ кон Вардар.

Никола. Така ли се сака Вардар? Ја искористи кризата за личен интерес, а ако не беше Вардар и шансата што ти ја даде клубот, сега ќе играше за младинци или некаде во  втора лига на калење ќе беше. Но тоа е тоа. Менаџерите си роварат, ја користат ситуацијата и ги „носат“ нашите, вардаровите  деца, како Никола на пример, во клубови како Осијек втор тим, Вождовац или Радник Сурдулица. Па личи ли некој голем талент како тебе Никола, фудбалер на Вардар, да оди во такви клубови.

Ќе има и други Серафимови. Вардар е еден, Вардар пак ќе изнедри некој нов Серафимов, уште подобар. А овој Серафимов веројатно ќе „заглави“ некаде во трета хрватска или втора српска лига.

Нека му е со среќа, никој во Вардар нема да плаче по Никола. Никој.

Драги читатели, дали може да сфатите како некој наш, македонски менаџер, оди во Србија и „украде“ некој мега – талент на Ц. Ѕвезда или Партизан. Па тој нема само што нема да искочи од Србија туку нема да искочи ниту од Белград.

Сепак  ова е таа чудесна Македонија, секој може да си прави што сака…