Спектакуларен кам-бек во октагонот имаше Конор Мекгрегор, кој со нокаут во првата рунда го победи Доналд Каубој Серон.

Враќањето на ирската ММА ѕвезда привлече и тоа какво големо внимание, но тоа заврши само за 40 секунди.

Мекгрегор влезе жестоко во дуелот прво со серија погодоци во рамото, а потоа и на неполна рунда судијата го прогласи за победник.

„Јас сум првиот борец во историјата на УФЦ, кој има победи во категориите перо-лесна, лесна и велтер. Горд сум и среќен. Се чувствувам добро во валтер“, изјави Мекгрегор и додаде: „Секоја од овие будали ќе го добие истото!“