Шкупи – Дрита Гњилане 0:0.Тоа е епилог од пријателскиот натпревар кој попладнево се одигра на стадионот на ФФМ во Скопје.

Ова беше втора контрола за момците на стратегот Ќатип Османи и второ реми без голови, по она пред неколку денови против Фљамуртари Приштина.

За тимот од Чаир настапија Тулио, Демир, Илјази, Кривањева, Илиески, Бајрами, Билали, Дембо, Серџио, Мухарем, Јурина. Играа и Алексовски, Стојановски, Рамадани, Курти, Ндонг, Диак, Гоудиаби, Јусуфи, Исени, Бериша.