Германија брзо го заборави поразот од Хрватска, вечерва ја совлада Австрија со 22-34 (13-16) и обезбеди место во квалификациите за ОИ. На овој натпревар правдата ја делеа македонските судии Николов и Начевски.

Јоханес Битер беше клучниот играч на Германците, искусниот голман средбата ја заврши со 15 интервенции. Прв стрелец беше Кастенинг со седум погодоци, на другата страна Билик имаше пет гола од исто толку обиди.

Австрија немаше решение во одбраната за противникот, згорна се тешко ја пробиваше добро поставената дефанзива на Германците.

Домаќинот на главната рунда до 19. минута одржуваше минимално водство, по 10-9, следеше целосен пресврт на мечот. Германија со 3-0 поведоа со 10-12, на полувремето имаа плус три (13-16).

Одморот најдобро им легна на „панцирите“, го наметнаа својот ритам, предовдени од Битер лесно чекореа кон нови два бода за останување на третото место на табелата во групата.

На повеќе од 11. минути до крајот Австрија имаше негатива од 19-29, тука беше крајот на сите надежи за избраниците на Пајович.

Во последното коло Германија ќе игра против Чешка, додека Австрија ќе се сретне со Белорусија.