ФОТО: Охридњус

Со старо-новиот тренер Драган Бочески, кој денеска прво прозиваше а потоа ги одржи и првиот состанок и првиот тренинг со играчите, Охрид ги стартуваше подготовките. Како што велат од тборот на охридскиот второлигаш екипата во целост ќе ги одработи подготовките во Охрид, а во план се одигрување и на 6-7 пријателски натпревари со екипи од Македонија, но и однадвор. Да потсетиме дека охриѓани досега се засилија со Раиф Мирселовски, Дарко Симјаноски и Ујкан Муча, додека клубот го напуштија Даниел Котески и Стефан Петрушевски. Во наредните денови се очекуваат уште нови имиња со цел тренерот Бочески да има добар тим, а целта е јасна, изборување на опстанокот во Втората лига – запад.