Откако полека се враќаат сите ракометари кои настапуваа на ЕП, двата македонски преставници во ЛШ и СЕХА Лигата, засилено се подготвуваат за вториот дел од сезоната. Во очекување на првите официјалнид уели, Вардар и Еурофарм Пелистер си закажаа контролен меч, на кој и новите тренери на двата тима, Алушовски и Бабиќ, ќе имаат можност да ги видат вистинските квалитети на своите ростери.

Контролата е закажана за во четврток, 23 јануари во СЦ „Борис Трајковски”

Тоа ќе биде првмеч за двата тима во 2020 година. Од Вардар велат дека за овој меч единствено нема да сметаат на голманите Калифа Гедбан кој е со својата репрезентација и Марко Кизиќ кој поради болест цела седмица нема да тренира.

Тимот би требало утре да биде комплетен со приклучувањето на Калараш, Атман и Шишкарев. Калифа би требало да пристигне до крајот на месецот.