Вашингтон стави крај на серијата од три порази во низа, на домашен терен го совлада Детроит со 106-100 за 14-та победа оваа сезона.

Гостите од Детроит го добија првиот период со 35-30, но Визардси на полувремето се изборија за водство од 60-58. Домаќинот во продолжение предводен од Бредли Бил и неговите 29 поени и 6 асистенции не му дозволи на противникот да се врати, на крајот заслужено славеше.

Во редовите на гостинскиот тим Роуз имаше 21 поен, недоволни за продолжување на победничкиот поход.

Торонто ја запиша четвртата победа во низа, на гостувањето кај Атланта беше подобар со 122-117. Репторси со 29 победи и 14 порази се на третото место во Источната конференција. Норман Повел со 27 победи го предводеше својот тим, на Атланта не и беа доволни ниту 42 поени и 15 асистенции на Тре Јанг.