Еурофарм Пелистер и Вардар го најавија пријателскиот меч во Скопје, а по него „фармацевтите“ ќе продолжат на мини-турнеја во Србија со која ќе ги заокружат подготовките за вториот дел од сезоната.

Новиот тренер Жељко Бабиќ за разлика од досега ќе ја има комплетната екипа на располагање, со иклучок на капитенот Гоце Ојлески, кој поради повреда мора да одмора две недели.

Македонскиот вице-првак во Србија ќе одигра три пријателски дуели од кои едниот е со шампионот Војводина.

Српската турнеја ќе биде последна проверка на силата пред осминафиналниот двомеч во СЕХА-лигата на Еурофарм Пелистер со Нексе, каде првиот е закажан за 1 февруари во Нашице, додека реваншот е на 12 февруари во Битола.