Златан Ибрахимовиќ е фудбалерот кој најбрзо стигнал до 150 победи во Серија А откако за победа се доделуваат три бода. Милан со драматичната победа над победи Удинезе викендов (3:2) му помогна на Швеѓанецот да го постави овој рекорд.

Ибрахимовиќ стигна до 150 победи по 222 настапи во најсилното фудбалско натпреварување на Апенините.

Зад Ибрахимовиќ се Естебан Камбиасо (230), Лоренцо Инсиње (232), Маикон (232) и Квадво Асамоа (235).