Тимовите на Канзас Сити и Сан Франциско ќе играат во големото финале на американската фудбалска лига НФЛ. Во финалните конференциски дуели синоќа, Канзас славеше над Тенеси со 35:24, додека екипата на Сан Франциско успеа да стигне до големиот Супербоул благодарение на триумфот во финалето на НФЦ конференцијата против Грин Беј Пакерс со 37:20.

Како и во конференциското полуфинале против Хјустон, Канзас имаше слаб почеток на дуелот, но потоа се врати со извонреден финиш за победа и обезбедено место на Супербоулот.

Во своето седмо финале во НФЦ конференцијата, Сан Франциско без  поголеми проблеми со 37:20 славеа над Грин Беј Пакерс. Тимот од Калифорнија ги постави работите на посакувано место уште во првото полувреме кога не им дозволи на гостите да се размавнат. Рахим Мостерт беше незапирлив со три гола во првото полувреме. \

54. издание на Супербоул е закажан во недела на 2 февруари, во Мајами, со почеток во 0:30 часот по средноевропско време.