Нигериецот Виктор Мозес се чека да пристигне во Интер на лекарски прегледи, а потоа и официјално да биде преставен како ново засилување на „неуроаѕурите“.

Играчот на Челзи, кој требаше до крајот на сезонава да мине на позајмица во Фенербахче се враќа во Лондон, но од таму продолжува во Милано.

Интересно е дека Мозес имаше одлична соработка со актуелниот стратег на Интер, Антонио Конте, и во времето кога тој го водеше Челзи, фудбалерот имаше значајна улога. Потоа тој падна во втор план и беше позајмуван на неколку клубови, а сега се шпекулира дека на барање на тренерот ќе пристигне во Интер.

Според пушувањето на Газета дело Спорт, двата клуба постигнале договор и Мозес ќе биде на позајмица во Интер до крајот на сезоната, а потоа италијанскиот тим ќе може да го откупи неговиот договор за 10 милиони евра.

Нигериецот е фудбалер на Челси од 2012 година, а како позајмен играч настапуваше за Ливерпул, Стоук, Вест Хем и Фенербахче. Неговиот договор со клубот има важност до летото 2021 година.