Ристе Митревски и дефинитивно не е веќе фудбалер на кипарскиот Енозис. Она што се најавуваше пред новогодишните празници, од пред две недели стана и официјално.

„Да, не сум веќе фудбалер на Енозис Паралими. По само шест месеци престој во тој кипарски клуб решив да си заминм. Сега сум слободен играч, имам неколку понуди, но ќе видам каде ќе ја продолжам својата кариера“ ни изјави стоперот кој пред еден месец стапи во брак со позната хрватска естрадна ѕвезда Лана Јурчевиќ, инаку ќерка на тренерот Никола Јурчевиќ.

Тоа значи дека Митревски нема да биде во екипата каде што тренер ќе биде Чеде Јаневски. Да потсетиме дека вчера СПОРТМЕДИА информираше дека македонскиот екс – селектор е пред промоција во тој кипарски клуб.