Тони Мицевски, еден од нашите најдобри фудбалери во историјата, денеска наполни 50 години. Во убаво друштво, заедно со своите најблиски и пред се ветараните на Пелистер го прослави роденденот.Инаку Мицевски до скоро време беше активен, играше за ФК Поешево, тим кој се натпрварува во регион, а сега направи трансфер и ќе настапува за ветераните на Пелистер, екипа на ветерани која е една од најорганизираните во Македонија.

Само да се потсетиме. Тони Мицевски е дете на Пелистер, подоцна стана и клупска легенда. Играше и во Ханза Рошток, Унион Берлин, Енерџи Котбус, Победа, Оснабрик, Вакенхорст, активната кариера како профеисионалец ја заврши во Пелистер во 2008 година. Во А селекцијата на Македонија настапи на 43 меча, беше стрелец на 4 голови. Во негово време селекцијата не можеше да се замисли без Тони.

Нам ни останува да му го честитаме јубилејниот роденден и да му посакаме успешни настапи во екипата на ветераните на Пелистер.