ПМФЛ или Македонската Прва Лига за 2019 година, во рангирањето на престижната ИФФХС (Интернационална фудбалска федерација за историја и статистика), се најде на 77-то место од 100-те најдобри лиги во светот. Тоа е пад од четири места, ако се знае дека за минатата година нашата лига била на 73 –то место. Од оние земји од регионот, веднаш да кажеме дека Првата лига на Хрватска се најде на 18-то место, а српската е на 20-то место. Албанија е пред нас, тамошната лига е на 69-то место, но затоа зад нас се првите лиги на БиХ и Црна Гора,

Најдобра е Премиер лигата, и тоа за првпат по цели десет години доминација на Ла Лига. Изненадувачки на второ место е Бразилската и тоа поради успехот на клубовите од таа земја во настапите во куповите во Ј. Америка. Додека на трето место за 2019 е Ла Лига. Следува Серија А, а Бундес лигата е на 10-то место. Рангирањето по квалитет се прави, односно се бодува, ако ги земеме тука европските лиги, најмногу по настапите и успесите на клубовите во ЛШ и ЛЕ.