Екс-селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Чеде Јаневски, денеска и официјално е промовиран во нов тренер на кипарскиот прволигаш Енозис Паралимни. Како што објави СПОРТМЕДИА, Јаневски се договори со кипарскиот прволигаш во обидот да му обезбеди опстанок во кипарската елита.

Јаневски по 9 години се враќа на кормилото на Енозис каде беше тренер во периодот од 2009 до 2011 година. Инаку, екипата на Енозис моментно е претпоследна во кипарскиот шампионат со само 11 бода по 16 одиграни кола.