Андријан Чаволи од денеска е нов фудбалер на Струмска Слава, екипа од Бугарија која се натпреварува во втората лига во таа земја. Младиот напаѓач до пред еден месец беше член на Силекс, претходно играше и за екипите на Фљамуртари (Косово), Еуромилк, Тетекс, а потекнува од школата на Металург.

Кусо траеја преговорите се челниците на Струмска Слава, клуб од бугарскиот град Радомир. Имено и двете страни имаа желба за соработка, токму затоа денеска се одржа и официјалната промоција.