Реал Мадрид продолжува да го гради тимот на иднината, откако потврди дека во неговите редови пристигна и Хусис Раиниер. Кралевите го купија 17-годишниот фудбалер, кој воедно е и капитен на У17 селекцијата на Бразил, за 35 милиони евра од Фламенго.

По Винициус Јуниор и Родриго Гоес, ова е уште еден играч кој треба да биде иднината на Реал Мадрид.

Трансферот беш договорен од претходно, но се чекаше Раиниер да наполни 18 години и да стане полнолетен за да може според правилата на ФИФА да потпише професионален договор со нов клуб.

Офанзивниот играч потпиша до 2026 година.

Барселона исто така беше во трката за „чудото од дете“, но таа одби да плати 35 милиони евра за неговиот трансфер.