Поранешната тенисерка бр 1., Серена Вилијамс ја оствари својата 350. победа на турнирите од Гренд Слем серијата, откако во првото коло од Австралија Опен ја совлада 18-годишната Анастасија Потапова со 6:0, 6:3.

Со ова, Серена е убедливо прва на вечната листа на тенисерки со најмногу победи на турнирите од Грен Слем серијата. На второто место е Мартина Навратилова, која има 306 победи.

Кај мажите, Роџер Федерер има 357 победи. Инаку, во 1. коло на АО кај дамите, повозрасната сестра Вилијамс, Венус, беше елиминирана од младата сонародничка Кори Гауф со 2:0 во сетови. Пласман во 2. коло обезбедија 3. носителка Осака која беше подобра од Бузкова од Чешка со 2:0, како и Каролин Возниацки која во два сета ја совлада Американката Ан.