Одбојкарскиот клуб Универзитет Тетово најавува екстра засилување во зимскиот преоден рок – колумбискиот репрезентативец Иван Андрес Хуртадо Мина.

Мина ланската сезона настапуваше за Будва заедно со нашиот репрезентативец Дарко Ангеловски со кој ја освои двојната круна, а по една полусезона мината во екипата Алфаисали од Саудиска Арабија доаѓа во Македонија.

Ова е историски трансфер и прв Колумбиец, кој ќе игра во македонската одбојкарска лига.