Хрватска продолжи во победнички ритам, ја совлада Чешка со 22-21 во рамките на третото коло во главната рунда. Херој на „коцкестите“ беше Лука Степанчиќ погоди во последната секунда од натпреварот.

„Задоволен сум, ги одморив главните играчи, играа оние кои добиваат мала минутажа. Младите играчи имаа шанса да се наметнат. Основната задача е исполнета. Целиот меч имавме контрола, совен во еден дел кога имавме недозволив пад. Можеме да заклучиме дека одигравме колку што беше потребно, дел од ракометарите успеаја да се истканат посебно. Сите играчи се важни, во одреден дел можат да помогнат и најважно да влијаат на резултатот“, изјави Червар.

Следен противник на евро-шампионатот е селекцијата на Шпанија. Дуелот со бранителот на титулата ќе биде вистински тест за Червар и неговите момци.

„Го спуштивме противникот на 21 гол. Публиката е задоволна, тоа е најважно. Не чека Шпанија, мораме да се подготвиме добро. Нема да бидеме под притисок, сакаме да ја продолжиме нашата серија, но најважна е нашата игра. Добрата игра секогаш носи резултат, па наша желба е победнички да си заминеме од Виена, тоа ќе биде одлична увертира пред продолжение на првенството“, додаде искусниот стратег.