Тренерот на шкотскиот фудбалски клуб, Хамилтон, Брајан Рајс сам се пријавил во Фудбалската Асоцијација за кршење на правилата за обложување.

Тој и во минатото се лекувал од зависност од коцкање, a сега посочи дека неговата болест се вратила.

„Мојата болест се врати. Им се извинувам на сите во клубот. Играчите, навивачите и колегите, не успеав во мојата зависност од коцкање. Не можам да верувам дека повторно паднав во зависност“, изјави Рајс.

Рајс се соочува со обвинувања за кршење на правилата за обложување за изминативе пет сезони и на 30 јануари треба да се појави на суд.