Со резултат 3:1 (7:6, 6:2, 2:6, 6:1) во сетови, Новак Ѓоковиќ успеа да го совлада германскиот тенисер Јан-Ленард Штруф и да се пласира во второто коло на Австралија опен. Србинот имаше одличен старт на овој натпревар и без никакви проблеми успеа да обезбеди пласман во втората рунда.

Најголема неизвесност се чини видовме во првиотс ет кој Ѓоковиќ го реши во тај брејк. Потоа следуваше еден лесно освоен сет со 6:2, пред Германецот во третиотс ет да возврати со истиот резултат.

Во четвртиот сет, српскиот тенисер искорист неколку противнички грешки и лесно успеа да дојде до 6:1 со кој го потврди местото во второто коло.