МЗТ Скопје ќе треба да искешира 15.001 евро на сметката на АБА лига поради пропуст во организацијата за дуелот против Сутјеска одигран на 15-ти овој месец во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на 16. коло. Покрај паричната казна, актуелниот македонски првак следниот натпревар на домашен терен ќе го игра пред празни трибини.

Оваа одлука од страна Дисциплинската комисија доаѓа по пријава на официјалните лица на овој натпревар.

„Публиката ги плукаа службените лица – судиите на мечот во шестата минута. Судијата Јирас го прекина мечот и побара да се испразни трибината каде беа навивачите на домшаниот тим. Поради ова мечот беше прекинат 24. минути. Мал дел од публиката се повлече на горниот дел од трибините.

Навивачите ги навредуваа официјалните лица во осмата минута од последната четвртина, па судијата мораше да го прекине натпреварот, по што побара целата сала да биде испразнета, мечот одново беше прекинат, овој пат 12. минути“, се вели во објаснувањето на АБА- лига.

МЗТ Скопје не само што ќе игра пред празни трибини (против Хелиос на 30. овој месец), туку и паричната казна од 15.001 евро ќе мора да ја плати во рок од 21 ден, доколку не го стори на време секој ден ќе плаќа камата од 10 евра.