Академија Пандев продолжи со потпишување на професионални договори со деца кои произлегуваат од сопствената младинска школа, па така денес прв професионален договор потпишаа Донов, Крстевски и Глигоров. Истите веќе тренираат со сениорскиот тим и се вклучени во тренажниот процес и контролните натпревари кои ќе ги одигра на подготовките во Анталија.

Клубот соопшти дека по взаемена согласност предвреме ги раскина договорите со Давид Атанаскоски и Михаил Маневски.