Германскиот новинар, Стиг Нигарт кој е познат по своите ракометни блогови ја скрои листата од 50 најдобри играчи на денешницата. На истата се најдоа сегашни и некогашни членови на Вардар, како и најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров.

Иако нашиот капитен има 39 години тој и натаму е име за почит, страв и трепет за противниците. Лазаров на оваа листа се најде на 27 место, пред Перес де Варгас, Билик, Нилсон, Сигурдсон…

„Кога станува збор за рекорден број на голови, тука е Кирил Лазаров. Тој има постигнато најмногу погодоци на едно Светско и Европско првенство. Тој е првиот ракометар со над 1.000 погодоци во Лигата на шампионите, поточно единствен со над 1.200 гола. Лазаров е инзвореден, не е најдобриот во светот, но има голема желба да постигнува голови, може да погоди од сите можни позиции“, се вели во текстот наменет за македонската гол-машина.

На оваа листа котираат имиња како Тимур Дибиров и Стас Скубе, рускиот репрезентативец е на 25 место, две позиции подоле е Словенецот. Исто така место има за екс-вардарците, Игор Карачиќ, Лука Циндриќ, Хорхе Македа, Жоан Кањелас, Арпад Штербик и Алекс Душебаев.

Најважно е што Топ-3 листата ја сочинува Данис Кристопанс. Летонскиот џин е третиот најдобар ракометар на денешницата, пред него се Микел Хансен и Сандер Сагосен.

„214 сантиметри и 130 килограми. Звучи како пикер, а не како десен бек. По неколку години во кои Летонецот изгледаше по малку несмасно, минатата сезона се случи невиден пресврт. Тој почна да ја користи својата големина. На крајот на сезоната тој стана вистински ракометен гигант. Веспрем не успеа да го сопре во финалето, тој од следната година ќе го носи дресот на ПСЖ“, вели германскиот новинар за Кристопанс, кој во вториот дел од сезоната ќе се врати на терените по паузата поради повредата.

Топ 50 листата можете да ја видите на овој ЛИНК.