Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски преку видео се претстави и беше официјално промовиран пред навивачите на францускиот клуб Гравелин.

Војдан при своето претставување рече:

„Доаѓам од Македонија, земја чии национален дрес го носам нешто повеќе од десет години и која го освои четвртото место на ЕП 2011…“

Стојановски за Гравелин ќе дебитира на 25 јануари на домашен терен против Дижон.