Манчестер Сити е пред пласман во финалето на англискиот Лига куп, откако со 3:0 го совлада Манчестер Јунајтед во првиот меч од полуфиналето, но Пеп Гвардиола не покажа преголема почит кон ова натпреварување во пресрет на реваншот на „Етихад“ за седум дена.

Напротив, Шпанецот смета дека распоредот на островот е пренатрупан и дека едноставно нема логика да се игра и ФА куп и Луга куп, па овој вториот би требало да се исфрли од календарот.

„Елиминирајте го Лига купт. Тоа ќе значи помалку натпреварување и помалку натпревари, помалку квантитет и повеќе квалитет. Луѓето можат да живеат малку без фудбал. Ова е премногу, играчите не можат да го издржат темпото од два или три натпревари за седум дена, премногу е. Најдобро би било да не се игра повеќе Лига купот“, смета Гвардиола.