Германската ракометна репрезентација дефинитивно ќе се бори за петтото место на Европското првенство 2020, а додека момците на Прокоп играат натпревари во Виена, од дома стигнуваат обвинувања за расизам.

Поточно една од германските национални телевизии, ВДР, направи прилог во кој се обвинува дека германскиот ракомет не е доволно мултикултурен, односно дека во тимот нема млади од Блискиот Исток, ниту пак, емигранти.

Ова обвинување доаѓа при компарација со изгледот на ракометниот тим на Франција, која до титулата светски првак стигна со 15 африкански играчи во тимот.

Германската федерација на ова одговори со извинување, а притоа во своја одбрана го искористи аргументот дека можеби „ракометот и не е премногу популарен спорт меѓу турската и арапската младина во Германија.“