Шпанскиот возач Фернандо Алонсо и британскиот тим Мекларен дефинитивно ја прекинаа соработката, откако не го обновија договорот за амбасадор со поранешниот двоен светски шампион на Ф1 за 2020 година.

Како амбасадор, Алонсо им даваше совети на пилотите и инженерите на Мекларен, а учествуваше и на минатогодишните Пирели тестови за гуми. Исто така, тој за Мекларен се натпреваруваше во трката Индијанаполис 500 минатиот мај (единствената победа што му беше потребна за да успее да ја освои тројната круна на моторспортот, односно Гран При на Ф1 на Монако, 24 часа на Ле Ман и Индијанаполис 500), но не успеа да ги мине квалификациите.

„Фернандо е возач од светска класа и му посакуваме се најдобро за иднината. Прекинувањето на соработката дојде природно, но тој секогаш ќе биде дел од семејството на Мекларен“, објавија тимот.