Точно пред една година фудбалскиот свет доби трагична вест, Емилијано Сала не пристигна на крајната дестинација Кардиф, авионот со кој се возеше се урна над англискиот канал. Аргентинскиот фудбалер кој почина на 28 години требаше да направи трансфер од Нант во Кардиф за кого не успеа да заигра.

Телото на Сала беше пронајдено неколку недели подоцна. Веднаш по уривањето на авионот беше утврдено дека нема преживеани, покрај Сала во него беше и пилотот Давид Иботсон, чие тело не е пронајдено.

Семејството на аргентинскиот фудбалер живее во голема болка, неговата мајка за тамошните медиуми зборуваше за животот на нејзиниот син.

„Сала уште како мал сакаше да биде фудбалер. На 15 години мораше да го напушти домот. Како на секоја мајка ми беше тешко зошто тој беше мало дете, но не сакав да му стојам на патот“, раскажува Мерцедес.

„Беше пресреќен што ќе игра во Англија. Сала беше срамежлив по природа, но секогаш отворен за фановите, постојано правеше фотографии. Сите оние кои го сакаа постојано ми праќаат заеднички фотографии со него, кои претходно ги немам видено. Добив многу работи од Франција и Англија“.

Воопшто не ми е лесно кога ќе ги видам сите оние пораки кои пристигнуваат од целиот свет. Што можам да кажам, освен дека сакам да биде тука со мене. Не можам да го најдам мирот, и натаму се борам. Оваа година беше тешка, јас сум практично „мртва“, го сакам многу. Болката никогаш нема да исчезне“, низ солзи вели Мерцедес.