Манчестер Сити виде многу мака на гостувањето во Шефилд, но ги однесе бодовите благодарение на победата од 1:0 против Јунајтед во рамките на вонредното 24. коло во Премиер лигата. Актуелниот шампион очекувано беше подобар ривал, а во 36. минута промаши и пенал, поточно домашниот голман Хендерсон му го одбрани ударот на Жесус од 11 метри. Сепак, победата ја донесе Серхио Агуеро со погодокот во 73. минута.

Хендерсон му одбрани пенал на Жесус, а судиите не видоа каде стои голманот (видео)

Интересно беше на „Гудисон парк“ каде Евертон водеше со 2:0 над Њукасл, а гостите се спасија, поточно извлекоа бод со два гола во судиското продолжение на натпреварот. Двата гола (94 и 96 минута) ги постигна Флоријан Лежен кој влезе во 70 минута.

А Астон Вила со пресврт и со гол во 95 минута го победи Вотфорд. Гостите преку голот на Трој Дени поведоа, а домашните изедначија во вториот дел со погодокот на нововлезениот Луиз. Тимот од Бирмингем стигна до трите бода со голот на Конса во последните секунди од мечот.

Борнмут вечерва победи со 3:1 против Брајтон, а Кристал Палас изгуби дома од Саутемптон 0:2.

Standings provided by Sofascore LiveScore