Попладнево во Анталија, односно во месноста Белек, Македонија ЃП одигра сосема добар натпревар и ремизираше со резултат 0:0  против екипата на Погон Шчечин. Екипа која моментално е трета на табелата во тамошната Прва лига.

Момците на стратегот Наџи Шенсои на теренот на „Глорија ресорт“ оставија добар впечаток на својата прва зимска контрола и прва пријателска средба до серијалот пријателски кои им се закажани во Анталија.