Екипата на Спортинг Лисабон нема да го брани трофејот од Лига Купот освоен минатата година откако вечерва во Брага изгуби со 2:1. Домашните преку Хорта дојдоа во водство, но изедначи Матје во 44 минута. Во второто полувреме вистинска војна на теренот. Боласи од Спортинг доби директен црвен картон, а во 90 минута Паулињо ја затресе мрежата на Спортинг и го елиминира. Тоа предизвика нервоза кај гостите од Лисабон кои почнаа да провоцираат, а Матје направи дивјачки старт врз еден противнички фудбалер поради што настана општа тепачка на теренот и судијата мораше да дели црвени картони.

Му покажа директен црвен на Матје, а и на Едуардо и Енрике иако тое беа на клупата за резервни но влегоа да расчистуваат сметки.

Инаку Стефан Ристовски одигра цел меч за Спортинг.

Брага која е домаќин на овој фајнал фор на Лига купот во финалето ќе игра против подобриот од Виторија Гимараеш и Порто (мечот се игра утре).
Ова е и слатка одмазда на Брага за лансата елиминација во полуфиналето на Лига купот токму во полуфиналето на домашен терен.