Екипата на Мајорка е елиминирана од 1/16 финалето на Купот на кралот после поразот на гостувањето кај Сарагоса со 3:1. Тимот од Балеарските острови издржа во првото полувреме 0:0, а на почетокот на вториот дел се распадна, а потоа и тотално потона.

Бланко во 48. и Пуадо во 54. минута донесоа водтсво на Сарагоса од 2:0, а Линарес во 75-тата зголеми на 3:0. Во финишот Фебас само го ублажи поразот. Македонскиот интернационалец Александар Трајковски играше до 60. минута, а имаше два шута кон противничкиот гол, едниот преку голот, другиот изблокиран од страна на еден противнички дефанзивец.

Ова е трет меч по ред во Купот на кој Трајковски добива минутажа. Во првенството е седнат на клупата или воопшто не е во составот. Последниот првенствен меч му е против Осасуна во октомври 2019 кога одигра 15 минути. Потоа 10 натпревари не беше на теренот во првенствен меч.