Лионел Меси, голгетерот на Барселона е новиот „крал“ на слободните удари.

Аргентинецот во последните три и пол сезони има постигнато дури 25 слободни удари и нема конкуренција, затоа што „бега“ дури 14 гола зад второпласираниот.

А, на второто место се наоѓа Мемфис Депај, напаѓачот на Лион. Тој има постигнато 11 гола од слободни удари, еден повеќе од Фелипе Кутин, Сусе, Ријад Марез и Дрис Мертенс.

Се чини неверојатно но Кристијано Роналдо во последните три и пол години нема постигнато повеќе од 10 голови од слободен удар.