МЗТ Скопје зад себе го има тешкиот пораз од Гостивар во мак-првенство, прв на домашен терен оваа сезона во двете натпреварувања. Но, згуснатиот распоред не им дава на кошаркарите на актуелниот шампион да очајуваат, гледаат напред кон секој нов предизвик. Денешниот доаѓа од АБА 2-лига, стратегот Ѓорѓи Кочов и неговите избраници се гости на Сплит во рамките на првиот меч од 17. коло.

Македонскиот првак има позитивна традиција кога станува збор за пресметките со хрватскиот тим, до сега имаат одиграно пет средни, четири од нив им припаднале на момците од Аеродром, вклучувајќи го последниот триумф пред два и пол месеци.

МЗТ Скопје влегува како фаворит, не само поради подобриот скор, туку и поради подоброто котирање на табелата. Се наоѓа на второто место, додека противникот е три места подолу.

„Против себе имаме квалитетен тим, кој игра подобро на домашен терен, ќе дадеме се од себе за да дојдеме до посакуваната цел, а тоа секако е победата“, изјави Бојан Радуловиќ.

Дуелот меѓу Сплит и МЗТ Скопје е закажан со почеток во 19 часот.