Светскиот рекет број еден, Рафаел Надал без посериозни проблеми стигна до второто коло на Австралија Опен откако на стартот со 3:0 во сетови го победи Хуго Делиен.

Натпреварот траеше два часа, а Надал притоа загуби само пет гема, 6:2, 6:3, 6:0 и доминантно продолжи во следната фаза во Мелбурн.