АНГЛИЈА 1 – 24.коло

ЧЕЛЗИ – АРСЕНАЛ
Вторник, 21.15
Шифра: 2006

Наши предлози
КТ           1              1,80
ТГГ          ГГ3+       1,92
* Квотите подлeжат на промени

Нивниот дуел на крајот на декември му припадна на Челси, а да бидеме искрени би се изненадиле ако истото не се случи и сега. Домашните делуваат посигурно од Арсенал кој никако не успева да ја пронајде вистинската насока, а дури ни промената на клупата не му помогна премногу. Од заминувањето на Унај Емери од „Емирати“ после ремито против Саутемптон, „топчиите“ забележаа порази од Брајтон, Манчестер Сити и Челси во првенството и Манчестер Јунајтед во Премиершип и Лидс во ФА купот, како и голем број на нерешени резултати, и тоа воглавно со малку погодоци.

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ

Челси нема премногу проблеми со повреди, а формата му е сосема солидна (точно дека и екипата на Френк Лампард имаше неволји со Саутемптон, токму како и ривалот). Домашните ќе бидат без Маркос Алонсо, Марко ван Гинкел, Кристијан Пулишиќ и Рубен Лофтус-Чик. Новиот менаџер на Арсенал Микел Артета нема да може да смета на Рис Нелсон, Сократис Папастопулос, Сеад Колашинац, Киран Тирни и Калум Чемберс, но ниту на најдобриот стреле, суспендираниот Пјер Емерик-Обамејанг (Габонецот доби црвен картон на мечот со Кристал Палас).

Претходните години на нивните дербија често имаше ГГ3+, па оваа опција ни сега не е за занемарување и е добар избор за тие што се сомневаат во единицата. Довербата ќе му ја дадеме на „сините“.

Standings provided by Sofascore LiveScore