Александар Неданоски, екс фудбалер на Новаци и Победа, а до пред некој ден и на Пелистер, во пролетниот дел ќе го предводи нападот на Осогово. Тој веројатно е најголемото засилување на кочанските „жетвари“ во овој зимски преоден рок. Покрај Неданоски, раководството на Косово се пофали и со Силвио Ангеловски, кој пак го засили дефанзивниот дел на второлигашот. Тој пак има играно за екипите на Детонит, Саса, Еуромилк, Македонија ЃП, Борец, Кожуф и други. Последен клуб му бил Овче Поле. 

До споменеме само дека досега Осогово ангажираше седум нови имиња во преодниот рок.