Репрезентацијата на Македонија до 16 години заврши на осмото место на турнирот  „Aegean – Mercedes benc“ во Кушадаси. Денеска во битката за 7-то место против Косово, избраниците на селекторот Даган Канатларовски загубија со 6-7 на пенали. Во регуларниот дел резултатот беше 2:2. Стрелци за нашата екипа биле Јаневски во 60.минута, а вториот гол бил автогол на селекцијата на Косово..

За нашата репрезентација на овој меч настапиле Василев, Зекири, Ангелов, Георгиев, Стојановски, Стоилов, Ристов, Митев,Мат. Софијановски, Мар.Софијановски, Попоски. На клупата беа и Тасев, Павлески, Јаневски, Буки, Елези, Хамза, Гуџуфи, Љушев, Талевски, Ибраими.