Кражба на Ибица. Поточно во канцелариите на фудбалскиот клуб Ибица и тоа пред мечот со Барселона во Купот на кралот што ќе се игра утре. Освен пари крадците украле и 40 билети за натпреварот на Ибица со Барселона.

Билетите биле наменети за спонзори, пријатели на клубот и локални бизнисмени, но провалниците го виделе ова „скапоценото парче хартија“ и сметале дека вреди затоа што би имало луѓе кои би купиле билет за мечот со славната Барса.

Сигурносните камери забележале двајца луѓе со маски како влегуваат во канцелариите на стадионот, а полицијата работи на расчистување на случајот. Од клубот најавија дека тие се ВИП билети и дека ќе ги поништат, а експресно ќе испечатат нови.

Фудбалскиот клуб Ибица е формиран во 2015 година и моментално се натпреварува во третата шпанска лига.