Се дојде до завршницата на францускиот Лига куп, па треба да се очекува значително поголема сериозност од двата тима отколку во некои претходни кола, како  на пример во неодамнешните натпревари во Купот на Франција. Лион е расположен и ефикасен во последно време, врза четири победи во сите конкуренции, па му даваме мала предност кога е во прашање конечниот исход на овој натпревар. A покрај единицата, веруваме и во голови на двете страни, па можете да изберете тип по своја мерка или да одиграте комбинација 1&3+.

АНГЛИЈА 1

ШЕФИЛД ЈУНАЈТЕД

МАН. СИТИ

Пред помалку од три недели Манчестер Сити со доза на страв влезе во дуелот со Шефилд Јунајтед на свој терен. Го победи, но противникот се покажа како незгодна екипа. И сега очекуваме „граѓаните“ да триумфираат, но и ГГ е реално.

АНГЛИЈА 2

БАРНСЛИ

ПРЕСТОН

НА почетокот на октомври Престон го доби меѓусебниот дуел со убедливи 5:1 и сигурни сме дека тој резултат и понатаму е присутен во главите на фудбалерите на Барнсли. Меѓутоа, тие во последно време играат солидно, па единицата или КМБ 1Х&ГГ не е нереално.

МИДЛСБРО

БИРМИНГЕМ

Домашните врзаа два порази, но може да се каже дека тие беа неочекувани (од Тотенхем во ФА купот и Фулам во шампионатот). Бирмингем не игра лошо и не е сосема безнадежен, иако ние очекуваме единица. Доколку се сомневате, гаѓајте ГГ.

ШПАНИЈА – Куп на кралот (1/16 финале)

СЕВИЉА

ЛЕВАНТЕ

Најголемиот успех на Леванте во Купот на кралот беше полуфинале во далечната 1935. кога Севиља дојде до првиот од петте трофеја, а четири пати е поразена во финалето, и тоа пред две и четири години. Андалужаните се фаворити, иако ни ГГ не е невозможно.

ПОРТУГАЛИЈА – Лига куп (полуфинале)

БРАГА

СПОРТИНГ

Брага трет пат во низа е домаќин на Фајнал форот, а ова е реприза на минатогодишното полуфинале во кое беше 1:1, а потоа Спортинг победи на пенали и подоцна против Порто го одбрани трофејот. Историјата може да се повтори, типот е Х2&ГГ.

ТУРЦИЈА – Куп (осминафинале, реванши)

ФЕНЕРБАХЧЕ
КАЈСЕРИ
Прв натпревар: 0:0

Роберт Просинечки е дочекан како спасител во Кајсери, а оние 0:0 во првиот дуел со Фенер ја подгреа вербата во подобри денови. Но, гостите сега немаат што да бараат затоа што „канаринците“ сакаат победа во пресрет на дербито со Башакшехир, единицата доаѓа со 3+.

ХОЛАНДИЈА – Куп (осминафинале)

ФОРТУНА СИТАРД

ФЕЕНОРД

Феенорд претходните три купа ги освои во парни години (2008, 2016 и 2018), што би можело да биде наговест на нов успех. Фортуна се надева дека би можела да го „сопне“ втор пат по ред, но ефикасната двојка е најреална.