30-годишниот плеј, Американецот Дамиер Питс, е новото засилување во Градски Парк. Како што потврдија од клубот, Питс е најновото засилување во дресот на Работнички, со кој тимот ќе јуриша кон домашната кошаркарска титула.

Питс во Скопје доаѓаа од Унгарија, каде го носеше дресот на Шопрон. Тој долги години е во Европа и има настапувано за екипи од Финска, Полска, Португалија, Летонија…