Аријан Адеми во овој преоден рок имаше неколку интересни понуди на маса. Пред се онаа од Бетис која сакаше да го ангажира македонскиот репрезентативец. Меѓутоа сето тоа е залудно, со оглед дека Адеми најавува дека ќе мине уште многу сезони во Динамо, и нема намера да се сели во друг клуб. Тој рече дека претходно му било криво што не ја прифатил понудата на Бетис, но сега гледа со други очи.

„Претходно ми беше криво што го одбив Бетис кога имав шанса да одам таму, но сега поинаку гледам на работите. Сега би сакал да бидам „Тоти“ на својот сакан клуб Динамо“, рече Адеми.

Оваа изјава дефинитивно ќе им се допадне на навивачите на „Модрите“ кои ќе го бодрат својот капитен и во следните години.