Менаџерот на Арсенал, Микел Артета истакна задоволство од ремито со Челзи од 2:2 остварено во миговите со 10 играчи и при водство на противникот. Два пати имаа негатива, но на крајот стигнаа до еден бод.

„Времето ќе покаже колку важен беше овој меч, но јас сум задоволен од реакцијата на тимот. Сакам да ги научам моите играчи никогаш да не се предаваат и секогаш да се борат до крај. Горд сум на она што го видов. Верувам дека одиме во вистинска насока“, рече Артета.