Досега второто коло на Астралија Опен не донесе изненадувања кога се во прашање фаворитите. Новак Ѓоковиќ после нешто повеќе од 90 минути го победи Иту Тацума од Јапонија со 3:0 (6:1, 6:4, 6:2). Во следната рунда се пласираше грчкиот тенисер Стефанос Циципас без борба, со оглед дека Филип Колшајбер му го предаде мечот.

Во женска конкуренција Наоми Осака ја совлада Саисаи Женг со 2:0 и продолжи во следната фаза кон одбраната на титулата.

Ѓоковиќ во следното коло ќе игра со Нишиока, додека Циципас за ривал ќе го има Милош Раониќ.