Боскерскиот квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Токио, кои требаше да се одржат идниот месец во Кина се откажани поради епидемијата на корона вирусот. Како што пренесува јапонската агенција Кјодо, организаторите на турнирот одлучија турнирот за зоната Азија и Океанија да го преместат од кинескиот Вухан, за да ги заштитат учесниците, затоа што тој град се смета за епицентар на вирусот.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дополнително ќе го одрени новиот град-домаќин и ќе објави нов распоред на турнирот.

Инаку повеќе од 400 луѓе заболеа од корона вирусот, а досега е потврдено дека девет луѓе починале како последица од заболувањето.