Како што информираат од раководството на Брегалница, „сините“ во Анталија го договорија и третиот свој пријателски натпревар. Тоа ќе биде тимот на Волгар од Астрахан, клуб кој се натпреварува во Втората лига во Русија. Покрај овој натпревар, штипските „сини“ во Турција ќе ги одмерат силите со У-21 составот на Шахтјор Доњецк и со екипата на Насаф од Узбекистан. Да потсетиме дека Брегалница во Анталија ќе се подготвува од 2 до 15 февруари.

Пред заминување во познатиот спортско – туристички центар, момците на стратегот Добринко Илиевски – Пижон, ќе се „тестираат“ и со Борец во Велес (23 јануари), Осогово во Кочани (27 јануари) и со Пелистер во Штип (31 јануари).