Макаби Тел Авив го промовираше Амаре Стадемаер за ново засилување. Искусниот 37-годишен играч потпиша за тимот од Тел Авив до крајот на сезоната, и покрај годините, тој треба да биде големо засилување за Макаби.

Стадемаер веќе три години не е дел од НБА, а во меѓувреме играше за Хапоел Ерусалим и во Кина.

Стадемаер во минатото играше за Њујорк Никс, Сакраменто, Далас, Мајами и Феникс.