Давид Митов – Нилсон заврши со Сундсвал. Му истече позајмицата од шест месеци, и сега треба да се врати во Норчепинг. Таму не му гарантираат минутажа, и ќе треба да се бори, додека Сундсвал го посакува со перманентен договор.

Има и трета опција – а тоа е трансфер во тимот на Гетеборг кој е заинтересиран да го види македонскиот чувар на мрежата во своите редови.

Митов-Нилсон откако се избори со сите проблеми со повредите, бранеше во Сундсвал од февруари до крајот на сезоната на 11 мечеви. Му треба минутажа ако сака да се врати и во селекцијата на Македонија за која одигра само еден меч.